
ВМРО ДПМНЕ за вечерва на големиот митинг во Скопје ја најави промоцијата на новата четиригодишна програма со која што ќе се обиде уште една да ја добие довербата на граѓаните.
Програмата, која синоќа ја најави премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски напишана е на 384 страни и содржи 2.046 проекти. Она што може да се дознае пред нејзината официјална промоција е дека се работи за темелно изготвена програма , со точно прецизирани рокови и веќе срочени буџети за секој од наведение проекти.
Нетпрес веќе објави дека, според програмата, владејачката партија во програмата дава ветување за креирање на нови 64 илјади работни места доколку добие мандат за водење на државата и во следните четири години.
Наспроти ова, но притисоците и очекувањата, Социјалдемократите не излегоа со конкретна понуда до народот која може да биде сериозна конкуренција на она што го нуди ВМРО ДПМНЕ.
Социјалдемократите довербата од граѓаните ја бараат презентирајќи ја програмата “Промени за нов почеток” односно памфлет на 90 страни, промовиран денеска, во кои само се набројуваат проекти без нивна потемелна разработка – како ќе се спроведуваат, кога ќе се почнат, кога ќе се завршат и колку ќе чинат.
Ова претставува потценување на народот, сметаат дел од политичките аналитичари кои дополнителни и замеруваат на опозицијата поради недостигот на доброоформена платформа која ќе им ја понудат на граѓаните како опција.
Политикологот и професор на Правниот факултет Иванка Додовска вели дека вака како што се поставени работите граѓаните не се во можност да направат споредба во понудите на двете најголеми партии во земјава.
„Самата опозиција во која што се постави СДСМ, без никаква платформа, без никаква визија не нудат ништо на граѓаните, некаква реална политика со која би го привлекле обичниот гласач да се насочи кон нив. За сметка на владејачката ВМРО ДПМНЕ и нејзината коалиција која што не само што е активна медиумски но и буквално меѓу народот ја пропагира својата програма, го нуди својот отчет, што не е само новина во македонската политичка сцена, но е и ефективно, така граѓаните може да направат споредба“, изјави професорката Додовска неодамна за Канал 5.
Промоцијата на новата програма на ВМРО ДПМНЕ ќе се случи на вечерашниот митинг на плоштадот „Македонија“ чиј почеток е закажан за 20 часот.