Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните наркобосови, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на наркобосовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Русковска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко група, за да денеска ретерира и да ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал. Поминува петта година како ниту еден сериозен криминалец не е уаспен, ниту пак е тргнат од улиците во државата. Да не се чуди владата зошто сите меѓународни институции ја вбројуваат оваа влада за најкриминална во Европа. Тоа е така затоа што мафија владее со државата“, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.