ВМРО-ДПМНЕ: Според кој НАТО стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници?

-Скандал и блам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци. На фејсбук страната на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие кои се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е срам и блам за македонската армија. Ова е доказ дека СДС партизира сѐ, од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабски филтер во огранок како Арачиново.

Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и заовој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“, стои во партиското соопштение.