Без никаков срам СДСМ се фали дека со пакетите на антикризните мерки за помош од ковид кризата дале некакви резултати кога поради нивната неспособност над 55.000 граѓани останаа без своите работни места и 6.200 фирми ставија клуч на своите бизниси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако СДСМ толку водеа грижа за граѓаните немаше да го кочат донесувањето на четвртиот пакет на економски мерки.
Исто така во оваа ковид криза не се ниту способни да набават вакцини за да го спасат населениeто. Се што доби Македонија во однос на вакцини е резултат од донации.
Таа нивна неспобност ја плаќаат 4.000 граѓани кои до сега починаа од КОВИД-19 затоа што власта во државата не беше способна да им обезбеди здравствена заштита.
За оваа нивна неспособност ќе следи одговорност.
Колку побргу оваа криминална власт си замине, толку ќе биде подобро за сите граѓани, порачаа од таму.