ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Предизвикот за општината и државата овие избори ги прави референдум

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се определија за водење на кампања посветена целостно кон своите сограѓани. Изборната Програма „Нова ера за Струмица” нуди повеќе конкретни проекти со определени рокови за нивна реализација, изјави денеска Александар Донев од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, чиј интегрален говор ви го пренесуваме во целост.

Програмата Нова ера е базирана на проекти наменети за сите генерации . Таа е продукт на реалните потреби на граѓаните и нуди дела со гаранција за реализација преку сет на вредности докажани и слеани во нашиот слоган: Секогаш Работа -Секогаш Македонија.

Струмичани ја чуват својата традиција и знаат дека Струмица од секогаш била најмногу препознатлива по својот пазар. Нашата Програма предвидува изградба на отворен пазар на кој земјоделците ќе можат да ги продават своите земјоделски производи. За оваа цел новата локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе изгради нов современ градски пазар.

На површина од 30.000 метри квадратни новиот градски пазар ќе содржи модерни продажни места како и голем паркинг простор. Средствата за овој проект ќе се обезбедат преку јавно приватно партнерство.

Домакинствата во градското подрачје кои живеат во колективни стамбени згради имат особен интерес во унапредување на енергетски ефикасно живеење. Општината под водство на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се намалат трошоците за енергија ќе ги поддржува граѓаните да применуват мерки за енергетска ефикасност преку соодветни фасади на своите колективни стамбени згради.

Програмата предвидува проект кој е од особен интерес за младите во Струмица. Општината ќе обезбеди средства за субвенционирање на младите за полагање на возачкиот испит. Изборот ќе се врши на транспарентен начин, за што ќе се донесе правилник со јасни критериуми.

При изработката на програмата ги имавме во предвид грижата за старите за кои постои потреба од изградба на нови домови за стари лица. Општината предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи приватните инвеститори од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште при изградба на нови објекти со намена за дом за стари лица како исто како и при адаптација и пренамена на постојните капацитети.

Предизвикот пред кој сме исправени како општина Струмица и Република Македонија никогаш не бил поголем во историјата на нашата независнот така што на локалните избори им дава значење на референдум за иднината. Но затоа пак, понудата и изборот никогаш небеа толку очигледни како што се денес.

Веруваме во мудроста на нашиот народ, нашите сограѓани умеат да препознаат искрено подадена рака и затоа веруваме дека на 15-ти октомври победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе значи реализација на програмата“Нова ера за Струмица”