
Сакаме да потсетиме на уште едно лажно ветување на СДСМ и поранешниот градоначалник, а денешен премиер Зоран Заев. На локацијата на која се наоѓаме Локалната самоуправа на Струмица предводена од СДСМ веќе дванаесет години ветува изградба на училишна спортска сала во училиштето „Никола Вапцаров”, истакна на Владимир Ристов, претседател на Унијата на младите сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
„Дванаесет години ветувања на СДС за тоа дека Спортската сала е од големо значење за учениците во оваа основно училиште бидејќи својата настава и спортски активности ги изведуваат во импровизирани училници. Денеска по три завршени и продолжени мандати станува јасно дека ова лажно ветување и следната година нема да биде реализирано за подобар живот на учениците, спортистите и граѓаните на Струмица“, рече Ристов.
Додаде дека лицемерието на општинската власт во Струмица предводена од СДСМ е дотолку поголемо што секогаш се жалеа на опструкции од владата, а сега кога тие се дел и од централната власт се гледа дека не им е грижа за овој објект.
„Разочарувањето е уште поголемо што СДС со ребалансот на Буџетот скрати 116 милиони денари за изградба на училишни спортски сали. Младите од Струмица знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги изгради ветените две училишни спортски сали, училишната спортска салата во ‘Димитар Влахов’ и спортската училишна сала во Куклиш“, истакна Владимир Ристов.
Очигледно е, додаде, дека оваа власт нема капацитет да ги решава ниту локалните, ниту националните проблеми, и дека се надева оти лажните ветувања и лицемерието применето во Струмица во последниве години нема за долго да биде модел на владеење и со државата.