ВМРО-ДПМНЕ: Субвенциите за земјоделците доцнат три недели

Земјоделците очекуваа прес конференција на која власта ќе каже кога ќе бидат исплатени субвенциите и зошто уште не се исплатени дел од 2017, 2018 и 2019 година и кој ќе понесе одговорност за тоа, а не да лажат за наводна помош, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека власта им должи на земјоделците, а никој не презема одговорност.

– Заев кој во 2016 година дојде на власт лажејќи дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи сега никаде го нема и ги остави земјоделците на маргините. Со СДСМ земјоделците секоја година го фрлаат родот на буниште, во канал или езеро. Ако беше се розево како што тврди СДСМ немаше стотици тони производи секоја година да одат на буниште – стои во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека земјоделецот ги живее најтешките 4 години од својот живот. Со СДСМ нема една инвестиција, еден проект или мерка. Време е лошиот период да го оставиме зад нас. Време е за Македонија за сите луѓе!