ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-ина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот а сега остана буквално сам

Али Ахмети зборуваше пред едвај 30-ина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој тој и сите околу него редовно го крадеше и запоставуваше, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште посурова е реалноста дека тој остана маргинализиран затоа што е прочитана книга. Функционерите на ДУИ протестираат против судиите на ДУИ. Не се работи ниту за правата на Албанците, ниту за тоа дека Уставниот суд ќе донесе некаква драматична одлука, туку се работи единствено за кариерите на десетина души чија професија стана да бидат редовни душегрижници за човековите права кои редовно ги газат’, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И доста Ахмети се заканува како мома на чешма, фрла клетви, злоупотребува човечки судбини. Театарот наречен ДУИ треба да престане. Светот нема да престане да постои што ДУИ е опозиција“, додаваат од владејачката партија.