ВМРО-ДПМНЕ: Тезите на СДСМ дека власта го загадува воздухот се надвор од здрав памет

ви проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, се посочува дека постојат работи кои не можат да се сменат, како што е местоположбата на Скопје поради која граѓаните добро ги паметат маглите и смогот и низ годините наназад, кога истите не беа предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ туку од временските прилики. Но, и друга работа која никако не може да се смени, а тоа е валканата политика на СДСМ и обидите да пласираат гнасни тези на раб на здравиот памет како таа дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира времето во Македонија и дека намерно го загадува воздухот кој сите го дишеме.