Иако денеска Радмила Шеќеринска одржа пресконференција, таане даде одговор на клучните прашања кои и беа поставени, сметаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивната реакција тие уште еднаш ја прашуваат Радмила Шеќеринска, кој е станот за кој таа наплаќа месечна кирија од 5317 евра, дали е тоа пазарната цена за изнајмување на станот, колку години досега го издава овој стан и колку вкупно приходи остварила по основ на издавање на овој стан од почеток па до денес?
Од владејачката партија ја прашуваат Шеќеринска, дали во овој случај станува збор за сомнителни приходи кои таа ги добива за изнајмување на станот?
Меѓу другото, од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Радмила Шеќеринска, да го приложи договорот во кој пишува дека некој сам на себе си плаќа кирија од 5317 евра месечно.
„Очигледно е дека Шеќеринска ја фаќа паника и нервоза поради неможноста да даде образложение за сомнителните трансакции и не одговара на прашањата за кои јавноста заслужува одговор“, се наведува во реакција.
Од партијата нагласуваат дека нема стан во Република Македонија кој што се издава за 5317 евра и, не 200, туку и 2000 квадрати да биде станот, не може да се издава за 5317 евра.
На крај, тие се прашуваат која е пазарната логика и заради кои услуги токму семејството на Радмила Шеќеринска ги добива овие пари?