Единствен успех на СДСМ за овие три години е што граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција, како што велат од оваа партија на празните соопштенија на СДСМ со кои не може да се сокрие фактот дека повеќе од 500.000 граѓани денот го поминуваат со еден оброк, односно животот го поминуваат во сиромаштија.
„Вештачкото покачување на минималната плата не е доволно, бидејќи јавна тајна е што илјадници граѓани кои земаат субвенцинионирана минимална плата го враќаат делот од плата субвенциониран од државата назад кај работодавците.
Граѓаните не забораваат дека причината за високата невработеност која што со години не може да се доведе на нормално ниво е токму поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ.
Капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво, реализацијата на буџетот изминатите три години го достигна дното.
Годината која Зоран Заев ја најави како економска бизнисмените ја прогласија за најлоша во историјата на независната Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија порачуваат дека по 12-ти април ќе започне обновата на Република Македонија и граѓаните ќе добијат реални мерки со кои што нивниот живот ќе се подобри.