Власта на шеверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија кои се спротивни на интересите на македонските граѓани, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Гласот на пратениците и граѓаните кои ги претставуваат е злоупотребен, правото и правдата се на распродажба, а се повторуваат сите оние немили сцени кога се купуваа, уценуваа и притискаа пратениците. Аболицираниот криминалец Зоран Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда преку новото законско решение за законот за обвинителство се обидуваат по секоја цена да издејствуваат амнестија за криминалите кои тој и неговата банда ги сторија изминатите 3 години. Новиот закон кој на сила власта сака да го донесе, ќе ги амнестира фунцкионерите кои се богатеа на грбот на граѓаните, преку криминални тендери и грантови. Ќе ги амнестира сите оние зделки во 4 очи, зделки при кои беа злоупотребени парите на граѓаните. Зоран Заев е свесен дека по 12 април неговата политичка кариера е завршена. Тој се плаши од реформирано и професионално обвинителство кое ќе ги процесуира сите негови криминали, поткупи, рекети, закани и злоупотреби. ВМРО-ДПМНЕ апелира новото законско решние да го креираат експерти бидејќи само така во Македонија може да се врати правдата и да завладее правото. Само закон позади кој стојат експертите и правната фела може да ја доближи нашата држава до Европската Унија и да обезбеди подобро утре за сите нас, истакнуваат од партијата.
После 12 април нема веќе амнестија за криминалот. Со обновата на Македонија, почнува одговорноста за стореното и еднаквоста пред законите. Зоран Заев никогаш повеќе, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.