Владата на СДС и Зоран Заев води лажна грижа за заштита на човековите права, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доказ за тоа е одбивањето на парламентарното мнозинство на СДС да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител. Овие мерки произлегуваат од препораките на Прибе кои владата се обврза да ги спроведе, а за владата на СДС сега тие треба да бидат игнорирани. Забелешките се однесуваат на воспоставената пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување, но и на подобрување на механизмите за заштита на констатирани повреди на човековите права. Владата и Заев кои досега пред медиумите се прикажуваа за душегрижници за човековите права, сега не сакаат ниту да се дебатира за истото. Ова е уште еден пример за незаинтересираноста на владата да разговара за унапредување на состојбите со човејковите права и нивниот гол и лажен популизам“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.