![zemjodelie-obrabotka-trakto2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/zemjodelie-obrabotka-trakto2.jpg?resize=420%2C267&ssl=1)
Единствена реформа што ја воведоа Зоран Заев и владата на СДСМ во земјоделството е понижување на трудот и маката на македонскиот земјоделец, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека Заев ги излажал земјоделците. За три години власт на Заев и СДСМ земјоделието го клекнале на колена.
„Наместо ветениот сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи, граѓаните добија понижување, сиромаштија и беда. Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на популистичката мерка која ја промовира СДСМ.
За стапката на зголемена сиромаштија говори и бројката, дека околу 500.000 граѓани се на прагот на сиромаштија.
СДСМ и Заев немаат легитимитет да ја водат државата. Потребни се системски решенија кои навистина ќе ги решат проблемите на земјоделците, а со СДСМ, Заев и Димковски тоа не е можно“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека СДСМ и Заев мора да си заминат.