ВМРО-ДПМНЕ: Владата праќа шверцер на нафта и тепач на жени за амбасадор во САД

Каква порака испраќа владата, САД ја критикува земјава за корупција, а владата праќа криминалец за амбасадор, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„И кога е од Заев многу е. Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи прво дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД. Љубомир Фрчкоски е човек кој не се врзува со проекти, туку со скандали. Додека тој беше МВР и МНР се случија приватизацијата, промената на знамето, убиства и грабежи.

Киро Глигоров лично кажал дека Фрчкоски му нудел скап часовник и други скапи подароци за да го промени името, што било одбиено од истиот. Фрчкоски е човекот кој беше МВР кога подоцна се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров и не го расчисти.Фрчкоски тепаше студенти и жени. Фрчкоски е мизогинист, кој што не го крие тоа.

Љубомир Фрчкоски не може да биде лицето кое ќе ја претставува Македонија во Вашингот, тој е се само прогресивен елемент не“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.