Едно возило на брзата помош чини околу 50.000 евра со комплетна опрема. Во изминативе три месеци, неспособната влада на СДС на чело со Заев од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши 350 милиони евра. СДС со овие пари можеше да набави дури 7000 болнички возила кои ќе спасуваат животи и ќе им беа од корист на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека нови болнички возила нема, нови болници нема, а ги нема ни парите на граѓаните.
-Енормните задолжувања што ги прави расипничката и неодговорната власт на СДС не им носат ништо добро на граѓаните. Ова е време кога болниците стануваат синоним за страв и ужас, а граѓаните ги плаши и самата помисла на лекар додека здравството тоне во очај и мизерија. Здравството запаѓа во катастрофална состојба поради неспособноста на СДС и Таравари а последиците и штетите ги трпат пациентите, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДС и Таравари треба да сносат одговорност за неспособноста, која чини човечки животи.
-Секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија, а СДС и Таравари смислуваат беспредметни соопштенија за замајување на јавноста. Додека секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија СДС и Таравари смислуваат сооштенија до јавноста како наводно се било во ред и било постапено по сите протоколи и правила. Уште колку смртни случаи се потребни за Таравари и СДС да сфатат дека мора да понесат одговорност и да си одат? Таравари и Заев поставија за директори криминалци, митаџии и луѓе со сомнително минато кои единствена цел им се нивните бизнис интереси. Со министерот за трагедии Таравари и Заев нема добри денови за македонското здравство и затоа колку побрзо си заминат толку подобро ќе биде за сите зошто во спротивно пациентите ќе трпат огромни штети, а Македонија ќе брои изгубени животи, стои во соопштението.
Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ заради ваквата неодговорност, неработа и безчувствителност граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври.