ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2.500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат

За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари.

За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати.

Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ.

Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.

Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните.

Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата.

СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени.

Важно е да ги поразиме.

Време е за промени!, стои во соопштението на партијата.