ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја поскапе струјата за 50 отсто, а половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден

Премиерот Димитар Ковачевски ја зголеми струјата за граѓаните за 50 отсто во услови кога 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, народот сѐ потешко ги плаќа сметките, а власта најавува ново поскапување на цената на струјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија истакнуваат дека сограѓани кои пред нецела година плаќале во просек 3.000 денари месечно за струја, сега заради Ковачевски плаќаат и по 4.500 денари. Оценуваат дека уште полошо ќе биде во текот на грејната сезона, кога голем број семејства се греат на печки на струја.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ударот од власта е и врз приватниот сектор. Бизнисите со Ковачевски и антимакедонската СДС плаќаат и по 400% поскапа струја, сега во споредба со лани.

„А, во однос на минатата година доколку се погледнат статистиките на ЕВРОСТАТ ќе се види дека македонските фирми плаќале двојно поскапа струја во однос на фирмите од околните држави.Со антимакедонската СДС и Ковачевски се повеќе наши сограѓани нема да можат да си ги платат месечните сметки, и се повеќе фирми нема да бидат конкурентни на пазарите надвор или ќе ставаат клуч на врата. Затоа е потребно што побрзо оваа власт да си замине. Предвремени парламентарни избори се решението за излез од енергетската криза, со која антимакедонската СДС и Ковачевски не знаат да се справат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.