ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги премолчува свирепите убиства и ги крие сторителите

Владејачката СДСМ не само што молчи за неправдата и свирепите убиства, туку и ги прикрива нивните сторители, а загубените живот станаа само обична статистичка бројка во црните билтени на Минитсерствтото за внатрешни работи, реагираше во петокот опозициската ВМРО-ДПМНЕ по низата убиства и вооружени напади врз млади лица кои уште не се расветлени или се квалификувани како поблаки насилни дела.

„Правда нема за Никола Саздовски и неговото семејство. Правда нема за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и неговото семејство. Правда нема и за десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани и бодени со ножеви по улиците во напливот на криминал во Македонија откако СДСМ ја превзеде власта“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од најголемата опозцициска партија притоа ја обвунуваат власта дека не само што ги премолчувала неправдата и свирепите убиства, туку и ги прикрива сторителите, а загубените живот станале само обична статистичка бројка во црните билтени на МВР.

„Ладнокрвните убиства станаа обично насилство. Цената за концесиите на Заев кон криминалното подземје сега ја плаќаат граѓаните на Македонија. Благодарение на ваквите концесии и коалиција на СДСМ со криминалното подземје, на слобода се најдоа над 800 криминалци, кои дополнително ја влошија безбедносната состојба во државата и направија родителите да се плашат за безбедноста на своите деца. Изгубените животи и семејствата завиени во црно повеќе не се важни за СДСМ и Заев бидејќи повеќе не можат да ги користат човечките трагедии за собирање на политички поени“, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во јавноста од Заев и од Владата нема да слушнете ни за влошената економска состојба, ниту пак за хаосот во македонското здравство или пак судството потчинето на Зоран Заев, нема да слушнете ни за чемерот и јадот кои на Македонија и ги донесе СДСМ.

2Реформи нема на ниту едно поле, нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. Ваквата состојба во Македонија е резултат на неспособноста на Владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова лудило да продолжи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да продолжат поразите кои СДСМ и ги нанесува на Македонија. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да му кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.