Власта преку Ацевски платила 1000% поскап превоз за битумен, еден камион е плаќан по 12.000 евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта само за транспорт без цената на битумен плаќа неверојатни над 4,5 милиони евра. Само за транспорт, 4,5 милиони евра. 374 цистерни, по над 12 илјади евра за цистерна. За иста ваква набавка на битумен, за ЈП улици и патишта, каде директорот не е од СДСМ, транспортот чини 1200 евра по камион. Во бројки 10 пати поскап превоз плаќа владата преку Ацевски. Тоа што ЈП Улици и патишта ќе го плати за 10 камиони, Ацевски со народни пари го плаќа за 1. Ова е начинот на кој работи СДСМ. ЈО не смее да чека ниту ден повеќе, и веднаш да реагира. Како во ЈП Улици и патишта е постигната цена на транспорт на битуменот за еден камион да биде 1.200 евра, а владата преку Ацевски и ЈП за патишта да плаќа 12.000 евра? Згора на се, на таквиот тендер со напумпани цени, се јавила само една компанија, а другите две кои се интересирале за постапката не поднеле документација. Кои се тие фирми и економски субјекти кои нема да посакаат да учествуваат и реализираат ваква набавка со оваа цена на транспортот? Дали можеби се крие нешто друго зад единечната понуда и напумпаните цени? Дали разликата во цени завршила во нечии џебови? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
ЈО да не чека. Ацевски и власта се фатени на дело. Одговорност мора да има, додаваат од таму.