5.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта со пописот оди кон хаос, со 30% од тестираните заразени и смртност броена во десетици на ден

Со 30% од тестираните заразени, и смртност броена во десетици на ден власта прави попис и оди кон хаос свесно ставајќи го животот на целата нација во опасност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во текот на вчерашниот ден бројот на заразени изнесуваше 30% од бројот на тестирани, така е секој ден, процентот во  изминатите неколку дена не паднал под 20%, и во таква една ситуација власта сака да турка попис.

5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.

Ако Зоран Заев е спремен и по цена на стотици, и илјадници изгубени животи да оди на попис, Македонија не е. Не вреди да се става животот на нашите најмили на коцка. Заев е 4 години на власт и можеше да организира попис. Попис може да се организира и на есен, но животите кои што ќе се изгубат не може да се вратат.

Првин имунизација на населението, а потоа попис“ – порачуваат од партијата.

Фото: Курир.мк