ВМРО-ДПМНЕ: Власта воведува нов данок при увоз на дизел гориво, дизелот ќе поскапи за 4 денари

СДСМ и Зоран Заев откако го испразнија буџетот и ја презадолжија државата, сега ги зголемуваат даноците за народот да го плаќа долгот кој го направија. Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година. Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев. 4 години со Заев, 4 години беспарица, 4 години украден живот. Доста е, велат од партијата.