ВМРО-ДПМНЕ: Во денот кога во Македонија бележи двоцифрена инфлација, Ковачевски призна дека не сака избори зошто фотелјата му е помила од народот

Денот кога во Македонија има двоцифрена инфлација, Ковачевски излезе во вести да каже дека не сака избори зошто помила му е фотелјата од народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија се соочува со двоцифрена инфлација. Цените на основните продукти во април оваа година споредено со април претходната година се зголемени од 10% до над 50%, имаме 30% поскапа струја, 15% поскапо парно, а Ковачевски наместо да ја признае својата неспособност и да прифати дијалог за избори, тој упорно сака да остане на власт, по цена и државата и народот да плаќаат уште повисока цена.

Ковачевски тргна по стапките на Заев.

Ковачевски избра да биде послушник на Заев, наместо да застане со граѓаните, предвремени избори час поскоро.

Не го слушнавме Ковачевски зошто наместо мерки за граѓаните и компаниите, владата преку Љупчо Николовски даде 1.4 милиони евра на фирма на Заеви.

Ковачевски не кажа ни како е украдено оружје од полициска станица, а за тоа нема одговорност од Спасовски, ниту пак има одговорност за кражбата на марихуана и масло од марихуана.

Ковачевски ја користи премиерската функција за да го штити Заев и Спасовски, а фирмите на Заев да бидат во привилегиран статус во однос на другите“ – велат од партијата.