Народ нема леб да јаде, а Битиќи и Заев купуваат 45 луксузни автомобили за министрите и директорите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Во ек на криза, кога економијата тоне, долгот надмина 60%, односно 6.5 милијарди евра, 60.000 луѓе останаа без работа и 6.200 фирми се затворија, Заев одлучи дека наместо за спас на некое работно место ќе дава илјадници евра за 45 луксузни автомобили. Само што поминавме пандемија, на десетина места беа донирани болнички возила од приватни фирми, а власта не набави ниту едно. Човек почина во кратовско затоа што немаше возило кое ќе отиде по него, а луѓе умираа и за кислород. И на сета таа криза Заев реши дека е време за 45 луксузни возила. Владата има илјадници возила, но на Заев и неговите функционери им требаат уште 45, и тоа во ек на криза, во исто време кога зборуваат за зголемување на даноците, истакнуваат од партијата.
Наместо 45 автомобили за функционерите со истите тие пари можеше да набави 45 амбулантни возила за болниците ширум државата за народот. Но очигледно народот не е приоритет за власта и Заев. Па така министрите ќе се возат во нови автомобили, а некој човек некаде можеби ќе умира затоа што нема амбулантно возило кое може да му биде испратено, додаваат оттаму.