![struja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/struja-e1724054944878.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
„Распад систем“ е фраза која најдобро го опишува енергетскиот ситем во Македонија со власта на Ковачевски и СДС. РЕК Битола работи со еден блок, со 75% од инсталираната моќност, иако беше ветувано во функција не се ставени РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, а хидропотенцијалот е само 18%. Сето ова се случува во декември среде грејна сезона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Поради ова Македонија увезува струја и троши народни пари заради нечија неспособност но и нечии провизии. Само за првите 4 дена од декември авансно се платени 6 милиони евра за увоз на струја. Од 7-ми ноември заклучно до 4-ти декември граѓаните ќе ги платат неспособноста и криминогеноста на оваа влада со скоро 29 милиони евра за увоз. Во просек по над 1 милион евра дневно.
Згора ба сето ова, продолжува договарањето во 4 очи во РЕК Битола, што се прави со омилените компании на директорот за дебели и мрсни износи. Врват камионите, врват матните бизниси, парите се испумпуваат, РЕК Битола пропаѓа исто како и целиот енергетски систем. Коса да му се крене на човек од состојбите, но тоа на Ковачевски нема ефект. Тој или е опериран од одговорност или кога се работи за криминалите во енергетиката го нема она чувство како со нож да му го сечат стомакот. Само и Ковачевски и неговите пајташи треба да знаат дека времето на одговорност е пред нив и може да се кријат но не може да избегаат, стои во партиското соопштение.