Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го обвинува градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Ѓорѓиевски за непочитување на законите поради одобрување на пренамена за комплексот познат во јавноста како Космос.
-Конкретно две нивоа предвидени со основен проект со детален урбанистичка план со АУ за паркинг место планираат да ги пренаменат во деловен простор. Поточно околу 1500 метри квадратни да се пренаменат од паркиралиште во деловен простори, вели Александар Трајковски советник во општината од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвинува дека кога се работи за бизнис интереси за власта не важат законите.
Погледнете што се случуваше денес во советот на општината.