ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ Македонија не беше ни рангирана на ЕХЦИ

Според извештајот на EHCI, се посочува во реакцијата, системот „Мој Термин“ во сите досегашни рангирања е посочен како реформа која се препорачува за имплементација и во други европски земји и токму на имплементирањето на овој национален систем во голема мерка се должеше најголемиот напредок на Македонија од 11 места на индексот, кој е најголем напредок за една година во историјата на рангирањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во најновиот извештај дури и е наведено дека Србија постигнала напредок токму откако го имплементирала системот изработен по примерот на македонскиот „Мој Термин“. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е релевантно за сите стручњаци од сите земји освен за експертите од СДСМ.

– Македонското здравство според Европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016 година е рангирано повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и др. Овие факти се поразителни за СДСМ, затоа што оваа партија не сака квалитетно здравство, туку корупција и уценување на луѓето за нивните животи. Граѓаните тоа не им го заборавиле на СДСМ. Затоа СДСМ е поразен 10-ти пат по ред на избори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.