ВМРО-ДПМНЕ: За да останат ден повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите

Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија. Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал. Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт. Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.

-Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава. Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите. ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има, посочуваат од партијата.