ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја донесе земјата до енергетска неизвесност и ги загрижи странските стопанственици

И германските стопанственици изразија загриженост за состојбата со недостигот од струја во Македонија, откако премиерот Зоран Заев ја донесе државата во неизвесност, се вели во соопштението од петокот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека претставникот на германските стопанственици во земјата Патрик Мартенс во четвртокот предупреди дека земјава троши двојно повеќе струја од што произведува, и државата се носи во нестабилност.

„Заев наместо да се насочи на инвестиции во енергетиката во изминативе години се насочи на тендерите во РЕК. Наместо да се инвестира во нови машини и механизација за РЕК, струмички камиони вртеа во комбинатот, а фирми блиски до Вице земаа тендери. Во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е неспремно, а хидроакумулациите се празни. Заев не знае како да ја реши кризата. Со Заев тонеме“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.