ВМРО-ДПМНЕ: Заев без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор нема право да го укинува пржинскиот модел

Првата реакција на ВМРО-ДПМНЕ по договорот за нова влада е дека новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција.

Што се однесува до укинувањето на пржинската влада и премиер Албанец, самиот пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, и Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел, да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.