ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ја каже вистината за „Монструм“, а семејствата на убиените да добијат правда

Кој е сторителот на грозоморната ликвидација на петте момчиња кај Смилковско езеро? Зошто егзекуторите не се зад решетки? Во нормална, правна држава монструми кои масакрираат момчиња нема да бидат на слобода заради никаква политичка причина туку ќе се најдат зад решетки, ова преку соопштение денеска го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев не смее да бега од одговори од јавноста. Мора да ја каже вистината за „Монструм“ за која што викаше дека ја знае и дека има докази.  Заев  ги излажа и си поигра со судбината на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковското езеро. Заев на подмолен и морбиден начин го искористи целиот случај во политичка кампања единствено со цел да собере политички поени. Откако дојде на власт не само што ја крие вистината туку  обвинетите се најдоа на слобода исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Зошто ги прикрива Заев доказите кои тврдеше дека ги има, односно телефонските разговори и смс пораките кои требаше да фрлат ново светло на случајот? Кого и за каква цел Заев го штити со прикривањето на тие докази?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека семејствата на убиените момчиња кај Смилковско езеро мора да добијат правда, виновниците не смее да останат неказнети и мора да одговараат за монструозниот и терористички акт.

-Како е можно Заев да се сеќава на разговорот помеѓу Бејта и Азири дека истиот не бил поврзан со убиството туку со субвенции, па ја знае и точната сума која ја спомнуваат од 450 евра, а не  може да се сети на суштински работи на пример кога го прашуваат за богатството на неговото семејство и калкулира со разни бројки? Тиранската платформа поради која се формираше ова владејачко мнозинство не смее да биде поголем приоритет од правдата за случајот „Монструм“.  Десетици патриоти кои први застанаа против Тиранската платформа и катастрофалните политики на картелот на власт на чело со Зоран Заев станаа жртви на политички монтиран случај и завршија во притвор, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Заев ја претвора државата во сопствен картел каде институциите ќе работат исклучиво по негов диктат, а неистомислениците ќе бидат заплашувани и измачувани. Додека вистинските терористи се на слобода интелектуалци, актери, уметници, пратеници и лица од јавниот живот се жртви на неосновано и монтирано обвинение за тероризам.

-Македонија не смее да остане заробена држава од страна на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев. Правдата, демократијата и слободата во државава мора да бидат вратени. Граѓаните и Република Мак