Каков договор има Заев за историјата со Бугарија? Зоран Заев мора да и соопшти на целата јавност вистината за распродавањето на македонската историја и идентитет. Заев мора да признае каков договор направил за Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев треба да престане да се фали дека успеале „да се договорат“ за пет историски личности и три историски периоди со Бугарија, а во исто време не кажува каков е договорот. Дури и најави дека следен за „решавање“ бил Гоце Делчев. Ова е јасно признание дека се преговара за идентитетски прашања и продолжува промената на идентитетот. Македонските граѓани добро знаат дека кога Заев се договара, губи цела Македонија.
Бараме Зоран Заев пред целата јавност да соопшти што се договориле за просветителите, Цар Самоил и Гоце Делчев, односно дали подготвува ново национално предавство и отстапување на македонската историја на Бугарија“? – порачуваат од партијата.