ВМРО-ДПМНЕ: Заев до кога ќе се криеш? Дали Седат Пекер имал состаноци во влада и со кого?

Зошто владата на Заев пет дена молчи и не кажува дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што крие Заев и зошто не одговори?

Дали зад криењето на Заев се кријат разговори за евентуални бизниси со Седат Пекер и дали во таквите бизниси се спомнува Вице Заев?

Веќе видовме дека Седат Пекер се среќавал со градоначалници и функционери од СДСМ и коалицијата, одел во општините и институциите, и бил приман како голем бизнисмен.

Згора на тоа Пекер бил придружуван од полициско обезбедување и полициски возила, како да се работи за државник од највисок ранг, а не за криминалец баран со потерница.

Полициска придружба не може да му даде некој шалтерски работник или командира на станица, тоа можат да го направат само Заев и Спасовски, а тие мора да кажат кој и како ги уверил дека Седат Пекер треба да добие обезбедување или самите со него се сретнале?

Многу прашања, малку одговори. Заев до кога ќе се криеш?, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.