ВМРО-ДПМНЕ: Заев е фокусиран само на оплодување на милионите а короната коси и младо и старо

Новата власт мора да биде поодговорна кон здравјето и животот на граѓаните. Борбата со корона вирусот ќе биде приоритет. Преземањето мерки за намалување на бројот на заразени и соодветното лекување за намалување на бројот на починати ќе биде првата работа на која ќе се посвети ВМРО ДПМНЕ.

Црни биланси на заболени и починати, додека милионите на Заев растат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека додека Венко Филипче снима партиски спотови, оди на митинзи и париски се препукува во Македонија имаме уште еден троцифрен црн биланс. Во последното деноноќие има 165 нови заразени и 7 починати.

-За само еден месец, двојно е зголемен бројот на починати, а скоро шесткратно бројот на наши сограѓани кои во моментов се заболени. Со 6787 вкупно заболени, од кои половина се во месец јуни откако Заев прогласи лажна нормалност и со 328 починати Македонија е рекордер во регионот по заболени и починати на еден милион жители. Очигледно дека Заев го интересираат милионите, а не здравјето на граѓаните и нивните животи. Неговото богатство за кое самиот вели дека достигнало 8,5 милиони евра, што содејствува со сумата за која беше аболициран во случајот Глобал, очигледно евро по евро се собирало со секој матен бизнис кој што го водел. Тој освен за неспособноста за справување за корона кризата, за што ќе понесе политичка одговорност, ќе треба да одговори дали и колку пари завршиле лично кај него и од изрекетираните торби полни со милиони, снопчињата пари на Ден Дончев, 300-те илјади евра од контроверзниот проруски бизнисмен Дака и многу други скандали кои се врзуваа за неговото име. Додека милионите кај Заев растат системот пропаѓа. Очигледно вирусот Заев е подеднакво опасен како и корона вирусот СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се наведува во соопштението.