Партијата ВМРО- ДПМНЕ реагираше на соопштението на Владата кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Јанушев, кој обелодени дека фирмата „Тотал Инженеринг“ добила концесија за експлоатација на руда.
Зоран Заев колку и да се обидува да се амнестира од овој скандал, целата јавност е свесна дека повторно е фатен во лага.Премиерот пред само неколку дена изјави дека заедно со неговиот брат Вице донеле одлука да ја продадат механизацијата и камионите кои и припаѓаат на фирмата “Тотал инжинеринг”. Истиот ден кога го кажа во јавноста ова, во Службен весник на РМ е објавено дека фирмата “Тотал инжинеринг” добива концесија за ископ на глина изгласана на владина седница. Заев е фатен повторно во лага.Како може да ги продале камионите и механизацијата, а истиот тој ден која ја дава оваа изјава, фирмата на неговиот брат добива уште еден вносен бизнис за ископ на глина?Колку милиони евра ќе тежи новиот бизнис кој пред неколку дена го доби „Тотал Инжинеринг“директно од владата на Зоран Заев?
Уште колку бизниси добиваат Заеви во исто време, додека Зоран Заев е премиер на Република Македонија?
Дали обвинителството не гледа во ова сомнеж за криминал и злоупотреба на службената позиција?!?
Граѓаните чекаат одговори на овие прашања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.