Вчера се потврди дека Заев бил главен во „Рекет“. Поради неговата алчност за лично, криминално богатење, пандемијата избега од контрола, а Македонија трпи човечки загуби. Вистината дека Зоран Заев е главата на криминално рекетарскиот октопод излезе на виделина. Осудениот за „Рекет“ Бојан Јовановски вчера пред целата јавност потврди дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува нивното соопштение:
Конечно се докажа дека Катица Јанева и Боки 13 биле само извршители, а парите завршувале кај Заеви. Токму затоа и Заев нема доказ дека го пријавил случајот „Рекет“ пред тој да излезе во медиумите.
Исказот на Бојан Јовановски и работите кои јавноста претходно ги дозна од медиумите се доволна причина Заев да биде повикан во обвинителството и да се отвори истрага против него. Наместо тоа Русковска прво му даде време да прикрива докази, а потоа и да помине неказнет.
Додека Русковска упорно го штити аболицираниот Заев, заради неговата алчност страдаат граѓаните на Република Македонија.
Заев фокусиран да си ги спаси рекетираните пари, матните бизниси и политичката кариера, преку Филипче и Комисијата ја заразни болести ја продлабочи кризата со коронавирусот.
Заев и Филипче ја зацрнија Македонија и ја направија балканскиот Вухан. Додека Заев и Филипче лажат дека ситуацијата е под контрола и се е во ред, секојдневно броиме над 150 заразени и по неколку починати лица.
За нив во ред е вчера да имаме 182 заразени и 6 починати или само во јуни да има 2450 заразени и над 80 починати од коронавирусот.
Новата нормалност која Заев и Филипче ја форсираат во јавноста се вика 4.664 заразени и 216 починати лица од почетокот на пандемијата.
Системот на Зоран Заев се распаѓа од ден во ден се повеќе. Поради неговата неспособност, илјадници граѓани ги загубија работните места, а стотици илјади гладуваат.
Лажеа дека блескаме, а сега ги молат граѓаните да донираат пари додека врхушката на СДСМ блиска до Заев ужива во рекетираните милиони.
На 15 јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе се поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами.
Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.