Најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал сега со наводна градба на нов клинички центар. И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од 125 милиони евра. А, според карактеристиките станува збор за ист клинички центар.
Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити студија од само 30 страни.
Според физибилити студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација како и телекомуникациската мрежа. Значи пљачката овде во Македонија ќе биде уште поголема.
Во Србија наскоро или во септември, октомври ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект и кој ќе чини 125 милиони евра.
Во Македонија има само физибилити студија oд 30 страни која е параван за уште една пљачка на Заев и Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка!