ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се главните виновниците за големата бројка на новозаразени од Ковид 19 во државата

Владата на СДСМ е целосно изгубена во справување со пандемијата во земјата, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Без никаков срам Заев и Филипче се фалеа дека ситуацијата е под контрола и дека пандемијата ќе се надмине. Последните четири дена имаме троцифрен број на новозарзени,а за тоа главни виновници се Заев и Филипче. Доколку тие ја следеа ситуацијата и се грижеа за граѓаните бројката на новозарзаени ќе беше многу помала. Очигледно граѓаните се препуштени сами на себе. СДСМ ќе одговара за се пред граѓаните.  3 години  Заев, 3 години хибриден режим, 3 години неспособност, криминал и сиромаштија. СДСМ никогаш повеќе, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.