ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче вчера возеа мотори, додека 32 лица починаа од корона

Македонија со Венко Филипче и Зоран Заев, се искачи високо на листите на починати лица, и тоа на листите на Блумберг, Фајненшнал тајмс …Нови 1.092 случаи на корона и 32 починати лица, 32 семејства завиени во црно, а  тие безгрижно се возат со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ .

-И наместо да поработи, Филипче заедно со Заев организираат возење со мотори кое им стана традиција.Дополнително, Филипче, Заев и нивните служби се занимаваат со снимање на протестите на опозицијата.Филипче и Заев прават се, само не се грижат за здравјето на народот, имаат време за забава, имаат време да најдат провизии, за возењето мотори веќе сите знаат – велат од опозициската партија..

Од партијата најавуваат одговорност за двајцата поради негрижата и 4.128 починати од ковид-19.

-Филипче и Заев одете си! И не само што треба да си одат, Филипче и Заев, ќе одговараат за секој згаснат живот!Заев и Филипче се дел од мафијата која хара по државава. Заев и Филипче имаат крвави раце и нивната неспособност убива – велат од ВМРО-ДПМНЕ..