Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот, исто како што ги штелуваат и изборите. Заев со талибански методи со кои оди против волјата на народот, ќе оди и на попис. Затоа нема став во однос на пописот, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ знае дека Заев си игра со државата и пописот, кој е стратешки важна операција, со помош на која се добиваат бројки важни за секое едно креирање на политика како на среден така и на долг рок.
Без реални податоци од попис, државата не може правилно да се развива, а мерките кои ќе се димензионираат од институциите ќе бидат погрешни. Заев не смее да гледа на пописот како на уште една работа со помош на која ќе се пазари, туку мора да сфати дека тоа е статистичка операција, а не политичка.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на вразумување на Заев и организација на попис со чии методи ќе биде запознаена јавноста и ќе бидат прифатени предлозите на опозицијата, во спротивно нема да го признаеме таквиот попис – вели ВМРО-ДПМНЕ.