ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше европска, а сега нуди „Мини шенген“ Македонија

Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди „Мини шенген“ Македонија. „Мини шенген“ не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија, реагира ВМРО-ДПМНЕ:

– Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта – членство во ЕУ. Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во „Мини шенген“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и сѐ дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните.