Празната прес конференција на Славјанка Петровска за дефокус на катастрофалните политики на СДСМ кои негативно се одразија и врз државата веќе не поминува кај граѓаните. Граѓаните па дури и членовите на СДСМ гледаат дека Зоран Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник – управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев преку својата политика донесе само штети во партијата и во државата. ВМРО-ДПМНЕ не сака да го коментира расколот кој што се случува сега во СДСМ, но најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред. Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина на Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори“, стои во партиската реакција.