ВМРО-ДПМНЕ: Заев загуби со над 100.000 гласови и мора да се поднесе оставка

Губитникот Зоран Заев да си поднесе оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика. Тоа е најслабиот резултат на неговата партија. Заев изгуби над 40 општини. Народот во над 40 општини избра промени. Владата на Заев е делегитимирана. Тој мораше да киднапира пратеник за да може да остане да владее и да краде, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека со такви методи на присила не се исклучува можноста тој и да го зголеми мнозинството за пратеник или два, но според нив сето тоа кратко ќе трае, затоа што народот е за промени, и револтот кај граѓаните кон Заев и неговите насилнички методи е се поголем.

„Заев е политичарот поради кој сме на 111 место на Транспаренси, на врвот на листата во Европа по бројот на починати од КОВИД на еден милион жители. Заев е виновен затоа што земјата е ословена како хибриден режим, за 215 пасоши издадени на белосветски криминалци, за шверцот со дрога во која беше фатен возач на член на неговото семејство. Заев е виновен затоа што државата е во енергетска криза, за инфлацијата и за лошата живеачка. Заев е причината за сите порази. Заев мора да си замине“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.