ВМРО-ДПМНЕ: Заштитувајќи ја Јанева, Заев го штити криминалот на власта

Јавното обвинителство и Љубомир Јовески не можаeда постапува по наредби на осомничената специјална обвинителак Катица Јанева. Јовески не смее да прима наредби од лице во притвор, во петокот преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор Јовески ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!? Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта. Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева. Со Јанева како официјален носител на функција од притвор и се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец. Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.

-Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието. Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.