
За жал освен здравствениот аспект пандемијата предизвикува долгорочни штети и во другите полиња, а економијата е целосно замрена. Како последица од корона вирусот Република Македонија е на праг пред економска криза, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари. Затоа задолжувањето на Владата е единствена опција во овој момент, преку кој може да му се помогне на стопанството. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува обезбедувањето финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата“, велат од опозициската партија.
Посочуваат дека заменик техничка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска го потпиша барањето за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.
Притоа, од опозициската партија инсистираат дека Владата мора да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен.
„Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок. Потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Ова се итни мерки кои се потребни час поскоро за да се зачуваат работните места. Економски мерки се потребни веднаш! Секое работно место вреди и мора да се спаси! Да се однесуваме одговорно затоа што така се сака Македонија!“, се заклучува во соопштението.