
-Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување, е пример како не смее да се однесува јавен функционер. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека на македонската јавност и е преку глава од циркусот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркусот во режија на Арсовска.
– Да посветуваше толку внимание на работа и на проекти, немаше Скопје да биде руиниран град. ВМРО-ДПМНЕ не сака и не е да биде дел од циркузот на Арсовска, се додава во партиското соопштение.