ВМРО-НП е против воведувањето на јогата во училиштата: Тоа е против христијанството и исламот

ВМРО-Народна партија, коалициониот партнер во власта, е против воведувањето на јогата на часовите во новиот образовен концепт кој го најавува Министерството за образование.

За партијата на Љубчо Георгиевски е неприфатливо воведувањето на предлог-предметот „Јога“ како дел од најновите реформи во македонското образование

Јогата како предмет не е само физичко вежбање, велат од таму, туку пред се има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.

„Со ваквиот предлог може да се напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската“, гласи реакцијата на владеачката партија.

ВМРО-НП смета дека непотребно се создава атмосфера на паника дека училишниот предмет историја ќе бил укинат.

-Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија особено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки, соопштува оваа партија.