Внатрешна контрола во МВР отворила истрага за тендерот со пасоши

Во Министерството за внатрешни работи е отворена постапка во одделот за внатрешната контрола за испитување на договорот за набавка на обрасци за патни исправи, во кој од нарачаните 400.000 биле добиени само 20.000 пасоши, изјавиле за Телма извори во МВР.

Засега нема наоди од внатрешната истрага.

Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, одговориле кратко од МВР.

Министерот Панче Тошковски синоќа на Телма изјави дека заклучно со 18 овој месец во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска до истиот рок да испорача 22.000 обрасци.