Сообраќајот на сите патишта низ земјата се одвива без забрани, по влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 30 метри има на Попова Шапка и до 100 метри во Гостивар.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.