Внимателно тргување на европските берзи, ќе се следи инаугурацијата на Трамп

На европските берзи најважните индекси забележаа само благи позитивни движења во понеделник претпладнето, поддржани од растот на цените на акциите во банкарскиот и технолошкиот сектор, додека инвеститорите ја очекуваат церемонијата на инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп и објавувањето на насоката на неговите нови политики.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 околу во првиот пресек од тргувањето порасна за 0,15 отсто на 524,40 поени, продолжувајќи го својот раст откако минатата седмица зајакна за повеќе од два отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс е во плус 0,18 отсто, на 8.520 поени, а париски CAC за 0,19 отсто, на 7.724 поени, додека франкфуртски DAX стагнира на 20.902 поени.

Поскромно тргување се очекува на почетокот на седмицата, бидејќи тоа се должи на празникот во САД во чест на раѓањето на Мартин Лутер Кинг помладиот.

Доналд Трамп попладнево ќе положи заклетва како нов американски претседател, настанот ќе се следи на глобално ниво, а инвеститорите ќе бидат фокусирани на неговите политики, вклучувајќи ги даноците и царините, поради што очекува берзите да бидат нестабилни во наредните денови.

Друг клучен настан што треба да се следи оваа седмица е годишниот собир на светските политички, деловни и финансиски лидери на Светскиот економски форум (СЕФ) во швајцарскиот град Давос, каде се очекуваат широк спектар на дискусии, од тоа како да се зголеми економскиот раст до предизвиците што ги носи глобалната финансиска криза. Форумот започнува во понеделник, а се интензивира во вторник.

Кај поединечните акции, најмногу падна цената на „Siemens Energy“, за 1,8 отсто, откако UBS го намали рејтингот на акциите на „продажба“. Од друга страна, најголем добитник беа акциите на „Belimo Holding“, кои пораснаа за 2,6 отсто откако швајцарскиот производител на решенија за греење и вентилација објави приходи за цела година над очекувањата на пазарот.